Ботас на Хамилтон му даде слика од неговиот задник (ФОТО)

од Vladimir Zorba
320 прегледи

По Големата награда на Мајами, Валтери Ботас помина речиси една недела во Колорадо, каде уживаше во прошетките во природа.

Во една од нив финскиот пилот на Алфа Ромео со гол задник влегол во една од многуте реки на Карпестите Планини. Фотографијата која Ботас ја објави на социјалните мрежи од ова освежување привлече големо внимание, а од неа успеа да продаде огромен број примероци.

Преку нив, тој собра речиси 50.000 долари, кои Финецот и неговата девојка Тифани Кромвел ќе ги донираат во добротворни цели. Минатиот викенд за Големата награда на Шпанија, самиот Хамилтон рече дека ќе купи примерок за добротворни цели.

Сепак, тоа нема да биде потребно, бидејќи Британецот доби специјален подарок од својот поранешен тимски колега во пресрет на Големата награда на Монако.

Двајцата се сретнале во моторниот дом на Мерцедес во Кнежеството, каде што размениле неколку приказни и шеги, а Ботас му дал на Хамилтон копија од предметната фотографија со натпис „За Луис!

Слични содржини