Ботас обвинет за недостаток на агресија

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас беше обвинет за отсуство на доволно агресија кон Себастијан Фетел, кого не успеа да го претекне за да може да победи во Бахреин.

Финецот го стигна противникот во последните 2-3 обиколки и имаше подобри гуми, но реално се обиде само еднаш да го надмине и на крајот се задоволи со второто место.

Повеќето аналитичари на Островот се апсолутно убедени дека на негово место Луис Хамилтон ќе се справел со пилотот на Ферари и ќе завршел на врвот.

„Ботас не беше доволно храбар. Тој го имаше потребниот автомобил, гумите беа на ниво и имаш шанса, кој сепак не ја искористи. Мислам дека е фантастичен пилот, но му недостасува малку агресија и желба за борба. Луис ќе направеше многу повеќе напади на негово место“, изјави поранешниот пилот Марк Брандел.

Слично мислење сподели и резервниот пилот на Мекларен, Ландо Норис.

„Факт е дека Валтери никогаш не бил од најагресивни пилоти при претекнување. Ова има и предности и недостатоци. Ако процени дека ситуацијата е премногу ризична, тој нема да нападне“, рече младиот пилот.

Слични содржини