Боцевски: Во ЕУ не се стигнува со одмакедончување, туку со сеопфатен национален препород

од Destan Jonuzi
267 прегледи

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски коментирајќиго последниот Извештај за напредокот на државата на патот кон ЕУ нагласи дека во ЕУ не се стигнува со одмакедончување, туку со сеопфатен национален препород.

Стагнација и уназадување! Тоа е најдобар опис на европската интеграција на Македонија од 2017, па сè до денес. Во ЕУ не се стигнува со одмакедончување, туку со сеопфатен национален препород, граѓански, економски, политички, културен и професионален. За мене најпоразителен е делот со администрацијата. Сметам дека Македонија одамна созреа за чекор кон меритократијата и враќање на целосното значење на зборот конкурс, изјави за „Локално“ Боцевски.

Од друга страна, актуелниот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, Извештајот на ЕК за 2022 година го оцени како позитивен. Тој најави дека за истиот, следува анализа и точно мапирање на областите на кои треба да се фокусира државата.

– Новиот Извештај, со сите забелешки и укажувања за напредокот на Северна Македонија, доаѓа во текот на скрининг процесот и несомнено ќе биде наш водич за нови реформи, нагласил Маричиќ.

Во Нацрт-извештајот на ЕК за Македонија, земјава е умерено подготвена по речиси сите критериуми. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, додека во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика се посочува дека има многу добар прогрес.

Д.Ј.

Слични содржини