Бове доби пејсмејкер – не може да игра во Серија А

од Vladimir Zorba
27 прегледи

На Едоардо Бове (22), играчот од средниот ред на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина, кој доживеа срцев удар на натпреварот Фиорентина-Интер во неделата, му беше вграден пејсмејкер во болницата „Кареги“ во Фиренца. Тоа значи дека тој нема да може да ја продолжи фудбалската кариера во Италија, која забранува играње со дефибрилатор.

На младиот фудбалер поради тоа му се заканува раскин на договорот со Фиорентина. Бове се надева дека ќе ја продолжи својата фудбалска кариера барем во странство, пишува денеска „Газета дело Спорт“. Инаку, Бове го чека операција во следните неколку дена, а лекарите се сомневаат дека има миокардитис, воспаление на срцевиот мускул.

Во 2021 година, Данецот Кристијан Ериксен, кој потоа се пресели во Манчестер Јунајтед, ја доби истата забрана. Бове колабираше за време на неделниот домашен натпревар против Интер, а натпреварот беше прекинат, па потоа пренесен во болница со возило на брза помош.

Слични содржини