Местото на споменикот на цар Самоил е токму каде што е поставен. Нема натпревар со Македонија, категорично изјави проф. Божидар Димитров пред ТВ 7. Не треба да се обрне внимание на она што вели Македонија за споменикот, коментира тој.
“Само очите ли ви пречат? Ќе му ги избодеме очите. Василиј Втори не успеал да му избоде очите, ние ќе му ги избодем”, налути прокоментирач Божидар Димитров кон противници, чии забелешки за новиот споменик на Самуил се дека очите му светат.
Тој „мал“ додадок е причина за скандал во Софија. Имено, авторот на споменикот Александар Хајтов поставил осветлување во очите на Самуил кои треба да светат преку ноќта. Сепак таа идеја не му се допаднала на заменик градоначалникот на Софија Тодор Чобанов, кој решил дека осветлувањето нема да биде пуштано.
„Идејата за осветлувањето како дел од споменикот никогаш не била дел од првичната замисла или дел од официјалниот конкурс на општината, ниту пак беше претставена од авторот пред жирито и Општинскиот совет“ напишал Чобанов во фејсбук.
Александар Хајтов од друга страна сепак смета дека очите кои светат се дел од естетиката на споменикот и според него решението на општина е поради страв дека нема да им се допадне на граѓаните и соодветно нема да го добијат новиот мандат.
Фигурата на цар.Самуил е висока 4 метрi и стои на постамент од 2,20м. Споменикот е финансиран од фондацијата „Бугарска памет“ која дарила повеќе од 50.000 евра за него.
Иако споменикот е веќе факт, во општината била поднесена молба да не биде поставен споменикот во која директорот на фондација РискМонтиор, Стефан Попов пишува: „Ниту стилот во кое е изграден споменикот, нито местото на кое е поставен се соодветни. Сигурни сме дека овој проект ќе донесе непоправлива штета на ликот на едно од најважните и симболични места во нашиот главен град. Споменикот дури ќе наштети на целите кои ги поставува пред себе.“
Председателот на Бугарија Росен Плевнелиев на свеченото отварање на споменикот изјави дека се надева дека наскоро Македонците и Бугарите ќе го слават заедно делото на Самуил и дека ќе докажат дека двете држави можат заедно пријателски да ги одбележат важните настани од споделеното минато.


