Божиновска: Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено

од Nikola Popovski
93 прегледи

Јас сум родена во Скопје, Македонка сум и секогаш ќе бидам Македонка. Тоа никој ниту може, ниту смее да го оспори. Сите други зајадливи коментари, чудни прашања и погрешно толкувани одговори ќе ги разберам и прифатам како цена на моето скромно и мало политичко искуство, порача денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска откако беше прозвана за нејзиното бугарско државјанство.

Во својата објава на Фејсбук истакна дека не се вратила дома за да се меша во политички игри, туку за да го вложи знаењето и искуството во енергетиката како специфична и тешка проблематика.

– Повторувањето на овие напади одговара на луѓе на кои им пречи активното занимавање на Владата со проблемите во областа која јас ја раководам. Им одговара заборав на се што направиле и слепило од државата за се што сакаат да направат. Затоа повторувам, Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено. Покрај македонското државјанство поседувам и чешко државјанство затоа што живеев и работев долги години во Чешка. Тоа е точната и прецизна вистина, наведува меѓу другото Божиновска.

Од СДСМ денеска соопштија дека Божиновско лично треба да ѝ каже на јавноста дали има бугарска самосвест.

-Божиновска е на висока функција во македонската Влада и го должи овој одговор до јавноста, токму и поради односите со Бугарија, рече портпаролката на СДСМ, додавајќи дека Божиновска должи одговори и за „долгот на нејзините фирми од 1 милион евра“.

Пред два дена министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска рече дека поседува македонско и чешко државјанство откако беше прашана од новинар дали се уште поседува бугарско државјанство. Таа притоа го праша новинарот „дали (таквото прашање) е релевантно за отчетот за енергетика“ за изминатите 100 дена од Владата.

„Ќе проверам со адвокатите и ќе ве известам. Ќе морам да се консултирам со адвокати, тие ја водат оваа процедура. Тоа беше многу одамна. Не го водев јас процесот, туку адвокатска канцеларија“, одговори министерката на прес-конференција во Владата, запрашана дали се уште има бугарска самосвест.

Слични содржини