Божиновски : СЈО мора да ја задржи институционалната автономија

од desk4
99 прегледи

На една недела до рокот за усвојување на реформските закони, власта и опозицијата не се поместија од своите цврсти ставови за иднината на СЈО. Работните групи и на вчерашната втора средба не дојдоа до компромис со кој би се отворил патот за усвојување на реформскиот Закон за Јавното обвинителство што пак е услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни.

Преговорите за СЈО беа тест дали опозицијата има демократски капацитет дали се за или против ЕУ. Предлог законот за Јавното обвинителство треба да се толкува во неговата изворна смисла. Барањата што ги поставува опозицијата се неразумни. Си играат цврстина пред нивното членство, но ако пронајдат малку демократски какпаците ќе ги повлечат барањата. Не можат да бараат уништување на докази. Истрагите мора да продолжат, изјави во Централниот дневник на 1ТВ, Андреј Божиновски, правен советник.

Доколку не попушти опозицијата, Божиновски вели дека има заобиколен начин. Поранешниот закон иако до некаде беше правно нелогичен, се работеше за политички прагматизам. Но секако уште една амнестија не може да си дозволиме, додаде Божиновски.

„Се работи за колку се содражни барањата. СЈО како Специјализирано судско оделение е невозможно, бидејќи се губи смислата. СЈО мора да ја задржи институционалната автономија“.

„Владејачко мнозинство ги направи своите компромиси со поднесувањето на овој предлог Закон“, рече во Централниот дневник на 1ТВ, правниот советник, Андреј Божиновски.