Божиновски сведочеше во „Плацови на Водно”: Не сум дал пари на Груевски

од Берта Китинска
269 прегледи

Поранешниот владни генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски, денеска во Основниот кривичен суд сведочеше во случајот „Плацови на Водно“ тврдејќи дека никогаш му нема дадено пари на поранешниот партиски лидер Никола Груевски, кој е обвинет дека со партиски донации купувал плацови.

Божиновски изјави дека до обвинетиот Никола Груевски, никогаш не доставил пари во готово. Воедно и посочи дека нема информација во однос на прашањето дали обвинетиот Груевски, примал донации без негово присуство.

-Во канцеларијата во новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ многу ретко сум влегол, може да се бројат на прсти. Состаноците во главно ги одржувавме во Владата. Не можам да се сетам дали имало сефови во старата зграда на ВМРО-ДПМНЕ. Во мојата канцеларија имаше две сефа, од кои едниот нефункционален, рече сведокот Божиновски.

Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 јануари.

Слични содржини