„Со одлуката на грчките судови да го регистрираат Центарот за македонски јазик во Грција во Лерин, објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година, на сите оние коишто злонамерно го толкуваа Преспанскиот договор сега им се отвори можност да си олеснат на душата и да ја прифатат реалноста: Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес“, пишува Зоран Бојаровски во својата колумна.
„Вредно е да се нагласи и прифати дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи, и дека со овој чин, една официјална грчка институција, како што е судот, препознава постоење на македонското говорно население во Грција.
Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо“.
Целата колумна на следниот линк!