Брачен пар од Холандија веќе 30 години преку донации помагаат на македонското здравство

од Nikola Popovski
272 прегледи

Денеска ме посетија Кеес и Јохана, брачен пар од Холандија кои преку нивната фондација „Воздух за Преспа“ веќе триесет години, преку донации помагаат во здравството, информира попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

Според неговите зборови, тие донирале лекови во вредност од 10.000 евра, а во изминативе години имаат донирано санитетско возило, апарати за лабораторија, апарати за физикална медицина, реагиенси и друго.

-Пријателствата се вечни, посебно кога станува збор за искрени луѓе полни со добрина и хуманост, констатира министерот.

Слични содржини