14
Репрезентативецот на Реал Мадрид и Мароко, Брахим Дијаз, се согласи да го продолжи договорот со мадридскиот клуб.
Дијаз (25) има договор со Реал до јуни 2027 година. Шпанските медиуми објавуваат дека мадридскиот клуб наскоро треба официјално да го објави продолжувањето на соработката со мароканскиот репрезентативец.
Дијаз пристигна во Реал во 2019 година од Манчестер Сити, а минатата сезона одигра 52 натпревари за мадридскиот клуб и постигна шест гола.