Брајан Мбеумо сака да се приклучи на Манчестер Јунајтед, Брентфорд сака најмалку 70 милиони

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Камерунскиот репрезентативец Брајан Мбеумо импресионираше бројни клубови, но според информациите од англиските медиуми, тој веќе избрал, сака да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Сепак, работата нема да биде лесна. Јунајтед сè уште не започнал преговори со Брентфорд, а лондонскиот клуб јасно става до знаење дека нема да ја пушти својата најголема ѕвезда без сериозна финансиска компензација. Се вели дека бараат најмалку 70 милиони евра, што не е нереална сума со оглед на бројките на Мбеумo – 20 гола и 7 асистенции оваа сезона, што го прави четвртиот најефикасен играч во Премиер лигата, зад Исак и Мохамед Салах.

Јунајтед влегува во период на големи промени по катастрофалната сезона. Клубот заврши меѓу петте најлоши тимови на табелата, а Рубен Аморим, за прв пат, ќе има цел преоден рок за да изгради тим според неговата визија. Се очекуваат голем број заминувања, а во моментов на ниту еден играч не му е загарантирано место во тимот.

Јунајтед веќе потроши 74 милиони евра за Матеуш Куња, но плановите не запираат тука. Мбеумо, кој е во врвна форма во последните две сезони, изгледа како идеална аквизиција. Брентфорд би можел да оствари огромен профит, со оглед на тоа што го потпишаа Камерунецот за само 6,5 милиони евра во 2019 година.

Слични содржини