Брајтон се насочи кон Брајтвајт, вреди околу 7 милиони евра

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Брајтон сака да го доведе напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт. Данецот кој за неколку дена ќе наполни 31 година е „ставен на продажба“ на лето и „галебите“ ќе се обидат да го земат во своите редови, пишува „Мундо Депортиво“.

Брајтвајт имаше многу тешка сезона, бидејќи го мачеа повреди и одигра само 4 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 2 гола. Тој се помалку е вклучен во сметките на Чави откако клубот се засили со Пјер-Емерик Обамејанг, а надежите на тренерот се дека Роберт Левандовски ќе пристигне на Камп Ноу. Тоа значи дека шансите на Данецот за стартно место стануваат речиси илузорни и клубот ќе бара начин да се раздели со него.

Менаџерот на Брајтон, Греам Потер е подготвен да ја искористи ситуацијата и да даде понуда за Брајтвајт. Напаѓачот има искуство на теренот во Англија, откако пред извесно време настапуваше за Мидлсброу. Неговиот договор со Барса е до 2024 година, но најверојатно клубот нема да бара премногу за него, а моментално неговата пазарна цена е околу 7 милиони евра.

Сепак, Брајтон може да има конкуренција за потписот на Брајтвајт. Се зборува дека фудбалерот го бараат и Валенсија и Селта.

Слични содржини