288
Белгиското федерално обвинителство соопшти дека антитерористичката единица на полицијата уапсила две лица кои планирале напад во земјата.Како што јавуваат светските медиуми, станува збор за 33-годишниот Нуредин Х. И неговиот брат Хамза Х.. Браќата денеска ќе бидат изведени пред суд, кој треба да одлучи дали ќе им се продолжи притворот по истекот на првобитните 24 часа.
Апсењето следело по претресот на седум куќи во регионот Монс и уште една куќа во Лијеж. За време на претресот не е пронајдено никакво оружје, ниту експлозив.
„Врз основа на првобитните наоди од истрагата, делува дека постоеле планови за изведување напад некаде во Белгија“, стои во соопштеноето на обвинителството./Мета.мк