Бракот е во криза? Бритни Спирс отиде на Хаваи без сопругот, повеќе не носат прстени

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Американската пејачка Бритни Спирс (41) со својот долгогодишен пријател и менаџер Кејден Хадсон отпатува на Хаваи со приватен авион, додека нејзиниот сопруг Сем Асгари остана во Лос Анџелес.

„Дејли Мејл“ тврди дека има знаци дека бракот на Спирс и Асгари е на работ да се распадне бидејќи наводно и двајцата излегуваат без бурмите. Тие пишуваат дека актерот бил виден како излегува без прстен додека Бритни била на Хаваи, а наведуваат дека и таа го извадила прстенот пред да отпатува со Хадсон.

Исто така е наведено дека двојката, која е во брак од 2022 година, наводно веќе некое време се соочувала со проблеми и дека Бритни поради тоа „побегнала на Хаваи“.

Пејачката редовно се огласува од Хаваи преку Инстаграм, објавувајќи слики и видеа од неа и Хадсон, а на едно од нив се гледа како ужива на една од плажите, додека нејзиниот менаџер ја снима.

Гласините започнаа неодамна

Гласините дека нешто не е во ред меѓу Бритни и Сем започнаа на почетокот на март кога Спирс објави видео на кое таа и нејзиниот сопруг се забавуваат на плажа, но со значајна порака: „Мексико, пред да се омажам. Бев толку среќна таму“, напишала Спирс, што многумина го протолкуваа дека денес повеќе не е среќна.

Исто така, фановите веќе некое време се загрижени за нејзиното здравје и благосостојба, особено по испадот во ресторан во ЛА каде таа била со својот сопруг. ТМЗ тогаш тврдеше дека Бритни имала испад бидејќи видела како некои гости во ресторан ја снимаат. Потоа почнала да зборува глупости и да се крие зад менито, а нејзиниот сопруг потоа излегол од локалот и ја оставил сама.

После тоа, фановите испратија полиција до нејзината врата да проверат дали е се во ред со неа и да се уверат дека ништо лошо не ѝ се случило.

Слични содржини