Сопругот или сопругата може да не се толку стресни колку што мислиме. Според податоци на студија венчаните парови имаат пониски нивоа на хормонот кортизол, познат уште како “хормон на стресот”. Тој регулира различни функции во организмот, вклучувајќи го нивото на шеќерот во крвта, одговорот на имунолошкиот систем и воспалителните процеси.
Оваа информација не е сосема изненадувачка, бидејќи истражувачите ги навеле придобивките од брачниот живот. Во претходните студии се утврдува дека женетите луѓе уживаат во подобро здравје, во споредба со оние кои немаат половина до себе.
Последното истражување сепак за прв пат обезбедува и биолошки доказ што го објаснува начинот на кој бракот се одразува на здравјето. Тоа е дело на истражувачите од Универзитетот “Карнеги Мелон” во САД. Тие собираат плунка од над 500 учесници, кои се меѓу 21 и 55 години, за период од три дена. Мострите се земаат секојдневно и се тестирани за да се утврди нивото на кортизол во организмот.
Анализата на податоци ги открива најдобрите вести за венчаните – кај нив нивоата на кортизол се пониски отколку кај оние кои никогаш не стапиле во брак, како и кај разведените волонтери.
При следење на дневните нивоа на кортизол, излегува дека утрото тие се највисоки и почнуваат да се намалуваат во текот на денот. Меѓу женетите се забележува побрз пад на нивото на хормонот. Тоа значи дека меѓу нив е намален ризикот од развој на кардиоваскуларни проблеми.