Бракот меѓу Кенеди и Оназис: Што предизвикаа скандалозните слики од голата Џеки објавени од нејзиниот сопруг?

од Nikola Popovski

Џеки Кенеди го шокираше светот кога во октомври 1968 година на своето име го додаде познатото Оназис.

Се чинеше како Аристотел Оназис, грчкиот магнат кој беше 23 години постар од неа, се појавил ненадејно, но вистина е дека се гледале со години.

Децата на Џеки, Керолин и Џон, дознаа за венчавката на нивната мајка ден пред церемонијата, кога пристигнале на островот Скорпиос на Оназис, се вели во книгата „Добар син: ЏФК Џуниор и мајката што ја сакаше“.

И додека Каролин била загрижена за новиот човек во животот на нејзината мајка, Џон веднаш се зближил со неговиот очув.

Магијата помеѓу Џеки и Аристотел брзо започна да згаснува. Нивниот брак се претвори во деловна зделка без трошка романса.

Во нивниот договор за брак стоело дека тие ќе спијат во посебни простории, ќе летуваат заедно и католички празници ќе ги поминуваат заедно, а за возврат Оназис и давал на својата сопруга 10.000 долари месечно за разни трошоци, 7.000 долари за доктори и козметички процедури, 10.000 долари за облека и 5.000 долари за Џон и Каролин.

До крајот на 1972 година, двајцата започнале тивка војна. Џеки често трошеше повеќе отколку што бил договорот и од Аристотел барала повеќе пари. Огорчен, тој доставил приказни за неговата сопруга и нејзините апетити до медиумите, а кулминацијата се случи во ноември кога во договор со папараци, решил да ја снимаат Џеки гола додека таа се сончала на Скорпиос. Тие фотографии стигнале до порно списанието Хастлер.

Работите се влошиле уште повеќе во 1973 година кога синот на Аристотел, Александар загинал во авионска несреќа. Неговата ќерка Кристина за тоа ги обвинила Џеки и „проклетството на Кенеди“ и му изјавила на нејзиниот татко: „Сега проклетството е дел од нашето семејство и наскоро тоа ќе нè убие сите“.

Аристотел наводно се согласил со неа и потоа решил да се разведе од неа.

Пред разводот да заврши, Оназис починал во 1975 година, по што Џеки побарала да се смени неговиот тестамент.

Наместо 200.000 долари годишно што требала да ги добие, таа побара најмалку 20 милиони долари. По две години преговори, ќерката на Оназис, Кристина, се согласи да и даде 26 милиони „ако се откаже од сите нејзини понатамошни права“. Џеки се согласила и никогаш повеќе не се омажила.

Слични содржини