Бракот сепак не се распаѓа? Јелена и Душко се забавуваа на вечера

од Stefanija Kuzmanovska
542 прегледи

Српските медиуми веќе некое време пишуваат дека фудбалерот Душко Тошиќ (36) ја изневерува својата сопруга Јелена Карлеуша (42) со блогерката Ана Јовановиќ.

Двојката демантираше сè, а пејачката претходно објави дека нејзиниот сопруг поднел тужби против „будалите кои пишуваат вакви лаги во таблоидите“.

И се чини дека нивниот брак сепак не се распаѓа, или барем добро го кријат тоа. Парот беше на вечера, а тоа го откри менаџерот и најдобриот пријател на Јелена, Зоран Бирташевиќ.

– Неверојатна вечер со пријателите – напиша Биртачевиќ во описот на видеото во кое се дружи со Карлеуша и нивните пријатели, а на видеото може да се види и Душко.

Пејачката и фудбалерот седеа еден до друг, беа добро расположени, а во еден момент екипата наздрави.

Слични содржини