„Бранителите на Мариупол го сменија текот на војната“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските бранители на Мариупол го сменија текот на војната со Русија, издржувајќи 82 дена опсада, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак.

Подољак изјави дека преговорите за евакуација на голем број луѓе од градската челичарница Азовстал, последниот бастион на украинските сили, по неколкунеделната руска опсада и бомбардирање, се тешки, но дека постои надеж дека ќе бидат успешни, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 265 милитанти на „националистичката единица Азов“ и украински војници, кои се криеле во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, го оставиле оружјето и се предале, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Слични содржини