Брат му на Тачи претепал двајца, жртвите молчат

од desk2
124 прегледи

Братот на Хашим Таши, косовскиот претседател, Гани Тачи, претепал двајца и во моментот е во полиција на распит.

Тој е осомничен дека физички го нападнал началникот на Косовското биро за осигурување и директорот на приватна осигурителна компанија.

Гани Тачи, како што се наведува, нападнал две лица за време на состанок кој е одржан денеска во бирото.

Приштинската T7 јави дека Гани Тачи е приведе и е во полиција, каде ќе биде сослушан.

Gazeta ekspres пренесе дека инцидентот се случил околу пладне и дека Тачи го претепла директорот на Бирото за осигурување Блерим Пушоли и сопственик на приватно друштво за осигурување „Илирија“ Џани Соколица, кој е државјанин на Словенија.

Полицијата се уште не се огласила по повод случајот.

Двајцата натепани не негираат, но не сакаат да зборуваат за инциденотт.