Братот на Фатмир Бесими го врати пратеничкиот мандат

од Nikola Popovski
275 прегледи

Флорим Бесими пратеникот од редовите на ДУИ, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, поради како што вели избегнување на можен конфликт.

„Стоејќи се на принципите на еднаквост, правда, можност за сите и целосно почитување и без никакво двоумење на законот и волјата на народот, ве известувам дека останувам принципиелен и следствено на тоа давам оставка од мандатот на Народниот заменик за да се избегне можен конфликт. од интерес со мојот глас во собранието“, вели Флорин Бесими.

Претходно, Антикорупциската комисија излезе со став дека пратеникот Флорин Бесими не смее да го бира својот брат Фатмир Бесими за министер во новата Влада.

Бесими вели одлуката ја донел во консултација и согласност со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

https://www.facebook.com/florinbesimiofficial/photos/a.114660380117517/168474108069477/?type=3&theater