Братот на Ѓоковиќ откри три решенија за кризата со Новак и Австралија Опен

од Nikola Popovski
214 прегледи

Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак Ѓоковиќ, ги откри трите можни решенија за излез од кризата во Мелбурн.

Тенисерот број 1 на планетата моментално се наоѓа во хотелот „Парк“ во Мелбурн, каде што беше сместен откако австралиските власти не му дозволија да влезе во земјата.

Набргу потоа беше донесена одлука за депортација која беше одложена за понеделник, а братот на Новак, Ѓорѓе на прес-конференција на неговото семејство откри кои се можните решенија за целата ситуација.

„Првото е да се ослободи Новак и да се признае неговата грешка, второто е да се депортира и потоа се поставува прашањето зошто другите ослободени тенисери од вакцинација ги имаат истите документи. Третото е австралиската влада да каже дека тие се поголеми од Бога, од сите нас и дека се грижат. Тие најдоа да зборуваат за хигиената на еден од најздравите луѓе во светот. Се надеваме дека судот е независен и дека ќе донесе правична одлука“, откри братот на Ѓоковиќ.

Слични содржини