Пред насобраните демонстранти кај Собранието на РМ се обрати и братот на убиениот Мартин Нешковски. Според Александар Нешковски протестите ќе се одржувале секој ден додека Јанкуловска не поднесе оставка.”
“Целта на овие протести коишто ќе се одржуваат следните денови секој ден во 18 часот е оставката на министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и таа да понесе и командна одговорност,„Видовме од ‘бомбите’ дека целата врхушка била вмешана во обидот да се прикрие одговорноста за убиството на Мартин, но ние тоа не им го дозволивме“, изјави Нешкоски.
