458
Томас Маркл, кој е полубрат на Меган Маркл, тврди дека останал бездомник поради товарот кој го носи во име на својата популарна сестра.
Тој, како што тврди, изгубил многу добри прилики за работа само поради презимето, но и дека сестра му Меган и нејзиниот сопруг Хари, иако во јавноста се претставуваат како хуманитарци, тие воопшто не му помогнале.
За да не живее на улица, тој морал да се пресели кај мајка му, која исто така е сиромашна, но барем има покрив над главата.
„Таа се наоѓа на пиедестал и од високо гледа што се случува со нејзиното семејство и не мрднува со прст за да помогне“, рекол тој, додавајќи дека кралската титула ѝ била најголемото достигнување во животот, но дека повеќе ја сакала својата приватност.