Братот на Погба заврши во притвор

од Берта Китинска
172 прегледи

Матијас Погба добил притвор заедно со уште неколку членови на групата која го уценувала и се обидела да му изнуди пари на неговиот помлад брат Пол.

Обвинителството во Париз официјално поднесе обвинение за изнуда и криминален заговор против Матиас и остатокот од групата, која се состои од лица на возраст од 27 до 36 години.

„Ќе ја обжалиме оваа одлука. Мојот клиент нема врски со криминална организација. Не ја разбираме одлуката на судот да го држи во притвор, особено затоа што тој има алиби за ноќта на наводното киднапирање“, изјави адвокатот на Матиас, Јасин Бузру.

Според истрагата, киднапирањето се случило на 20 март кога група криминалци упаднале во станот на Матиас во Париз, го држеле како заложник, а потоа побарале пари од неговиот брат, кој во тој момент бил во Торино.

Познатиот фудбалер им платил дел од 100.000 евра на киднаперите, но истрагата покрена сомнеж дека Матиас всушност бил главниот актер во режираното киднапирање за да изнуди пари од играчот од средниот ред на Јувентус.

Слични содржини