Бразил: 41 лице загина во судир на автобус и камион

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилските власти соопштија дека најмалку 41 лице загинало во судир меѓу автобус и камион на автопатот во Сао Паоло.

Според светските медиуми, 10 лица биле повредени, вклучувајќи го и возачот на камионот што пренесувал ѓубриво, а не е познато дали возачот на автобусот е меѓу преживеаните, пренесува „Дејли меил“.

Прелиминарните полициски извештаи укажуваат на тоа дека автобусот превезувал 51 работник на фабрика за текстил, кога во средата дошло до судир.

„Телата беа насекаде. Невозможно беше да се утврди кој бил во камионот, а кој во автобусот“, изјави извор од полицијата, како што објави порталот „Меркопрес“.

Ова е една од најтешките сообраќајни несреќи во историјата на Бразил.

Слични содржини