Бразил ќе ја гони титулата на СП со оваа шема во нападот?

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Бразилскиот селектор Тите размислува како да ги нареди многуте офанзивни фудбалери, за да се надева дека може да ја освои титулата во Русија во текот на летото.

„Решението може да е една четворка со Филипе Кутињо и Нејмар како плејмејкер зад Габриел Жезус и Роберто Фирмино“, изјави тренерот.

„Немаше алтернативи на претходните Мундијали, а тоа не чинеше многу. Затоа сакам да го користам Кутињо во средниот ред, а Вилиан како крило“.

Пред неколку дена Тите именуваше имињата на 15 играчи кои сигурно ќе ги одонесе на завршницата, доколку тие се здрави.

Меѓу нив, сепак, не е поранешниот играч на Челзи, Оскар.

„Ќе биде тешко да го вклучам во составот. Искрено, многу сум разочаран од него. Тој го изгуби својот сјај. Имав големи надежи во однос на него и дури два пати му пратив покана, но тој никогаш не ме импресионира ниту на тренинзите, ниту во натпреварите. Покрај тоа, Оскар е во Кина“, објасни селекторот.

Бразил ќе игра со Костарика, Швајцарија и Србија во групата Е на Светското првенство.

15-те сигурни на Тите: Тиаго Силва, Фернандињо, Марсело, Нејмар, Кутињо, Жезус, Вилиан, Фирмино, Алисон, Жоао Миранда, Маркињос, Даниел Алвеш, Паулињо, Ренато Аугусто и Каземиро.

Слични содржини