Бразилци и Аргентинци ги споделуваат содржините на хакираниот профил на ФФМ

од Nikola Popovski
329 прегледи

Две лица од Бразил и едно од Аргентина ја споделуваат содржината на хакираниот Фејсбук профил на Фудбалската федерација на Македонија. Ова денеска го истакна портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски за официјалниот профил на социјалните мрежи на македонската фудбалска куќа.

Како што изјавил за Тв Канал 5, администраторите на профилот во последните два месеци немаат можност да влијаат на било каков начин на споделените содржини.

Оттогаш немааат никаков пристап, ниту можност целосно да ја избришат страницата. Пријава е доставена до Мета, но се уште немаме добиено официјално известување, рече Андоновски, додавајќи дека контактирањето на платформата е единствениот начин за решение на проблемот.

Денеска официјалната слика на профилот беше заменета со девојка со азиско потекло во провокативен стајлинг, а исто така се објавуваат и видеа на кинески јазик, на кои се нуди продажба на накит и бижутерија.Уште во мај месец ФФМ информира дека профилот е хакиран. Тогаш најавија дека веќе се превземаат сите чекори за да се надмине овој проблем и апелираа да не се земаат во предвид сите пораки кои доаѓаат од тој профил.

ФБ страницата ја следат повеќе од 130.000 профили.

Слични содржини