Бразилец од Јувентус е првата трансфер цел на Сер Џим Ретклиф во Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Новиот сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф веќе подготвува планови за освежување на тимот во текот на летото. Сигурно ќе вложи сериозни инвестиции за засилување на составот за следната сезона, бидејќи според информациите на „Калчомеркато“, милијардерот веќе ја одбележал својата приоритетна цел за селекцијата.

Станува збор за дефанзивецот на Јувентус, Глисон Бремер. 26-годишниот Бразилец има уште една силна сезона со „бјанконерите“ и тоа го привлече вниманието на Ретклиф, кој на него гледа решение за проблемите на „црвените ѓаволи“ во центарот на одбраната. Сепак, газдата ќе мора да ги „одврзе ќесето“ бидејќи играчот неодамна потпиша нов договор со „црно-белите“ и неговата цена е над 70 милиони евра.

Сепак, засилувањето на одбраната ќе биде главен приоритет на Манчестер Јунајтед за летото. Иднината на Рафаел Варан во клубот е прилично нејасна и се повеќе се шпекулира дека тој ќе го напушти „Олд Трафорд“. Хари Мегваер одамна е на удар, а договорот на Џони Еванс исто така истекува и најверојатно нема да биде обновен. Така, ќе биде критично за Јунајтед да земат еден или повеќе играчи во таа област.

Покрај тоа што е заинтересиран за Бремер, Манчестер Јунајтед веќе подолго време е поврзуван и со дефанзивецот на Ница, Жан-Клер Тодибо.

Слични содржини