„Бразилска мајка на годината“: Мајката на Пеле наполнила 100 години пред еден месец (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Мајката на Пеле, Селест, го прослави својот 100-ти роденден пред нешто повеќе од еден месец. Посмртните останки на Пеле ќе поминат и покрај нејзината куќа.

Фудбалскиот свет се збогува од синонимот за „најважната споредна работа во светот“ – легендарниот Пеле, кој почина во четвртокот на 83-годишна возраст како последица од рак на дебелото црево. Сепак, помалку е познато дека неговата мајка е се уште жива!

Мајката на Пеле, Селест, пред нешто повеќе од еден месец го прослави својот јубилеј, 100-ти роденден, по кој повод легендарниот Бразилец ѝ посвети неколку емотивни реченици на социјалните мрежи.

„Од најмладите денови ме научи на вредноста на љубовта и мирот. Имам повеќе од сто причини да бидам благодарен што сум нејзин син. Ги споделувам овие фотографии со вас, да го прославам овој ден со големи емоции. Ти благодарам за секој ден со тебе, мамо“, стои во објавата на Пеле на социјалните мрежи.

Дона Селест своевремено беше наречена „Бразилска мајка на годината“ откако ненајавено дојде на тренингот на бразилската репрезентација во пресрет на Светското првенство во Англија во 1966 година, а 26-годишната Пеле се стрча во нејзината прегратка.

Инаку, по последното испраќање на стадионот, конвојот со посмртните останки во придружба на полицијата ќе помине низ улиците на пристанишниот град Сантос, како и покрај нејзината куќа.

Слични содржини