Додека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток се заканува да доведе до глобална енергетска криза, град во јужен Бразил планира голем дел од својот комунален возен парк да ја користи на иновативно, домашно одгледувано биогориво, дизајнирано целосно да го замени дизелот.
Градот Пасо Фундо, во бразилската држава Рио Гранде до Сул, сместен во огромни полиња со соја, тестира дизел алтернатива за својот возен парк направена од суровини, вклучувајќи соја, животински масти и употребувани масла, објави Ројтерс.
Додека традиционалниот биодизел се меша со дизел на база на нафта во сооднос од 15 проценти во Бразил, новото гориво е дизајнирано целосно да ги замени фосилните горива во секое возило што користи дизел, намалувајќи ги емисиите на јаглерод и потенцијалните трошоци.
„Бе8“, една од најголемите компании за биодизел во Бразил, доби регулаторно одобрение кон крајот на 2024 година за да започне со производство на новото гориво, наречено „Бе Вант“, во Пасо Фундо, со почетна цел за производство на 28 милиони литри годишно.
„БеВант“ е таканаречена замена за фосилно гориво и може да се користи во обични дизел мотори без потреба од модификации, соопшти „Бе8“.
Со зголемувањето на цените на суровата нафта поради војната меѓу САД и Израел против Иран, што исто така предизвикува стравувања од недостиг на дизел во Бразил, градоначалникот на Пасо Фундо, Педро Алмеида, рече дека новото гориво донесе одреден мир во душата, објави српски „Телеграф“.
Ниту канцеларијата на градоначалникот ниту „Бе8“ не коментираа за моменталната цена на литар „БеВант“, но компанијата соопшти дека е околу 15 проценти поскап од биодизелот и многу поевтин од неговиот директен конкурент HVO, или зелен дизел.