Бразилски медиуми: Болсонаро е вмешан во земање „рекет“

од Nikola Popovski
287 прегледи

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро бил вклучен во шема за намалување на платите на неговите соработници додека бил член на бразилскиот конгрес, објави денес веб-страницата УОЛ, повикувајќи се на аудио записи во кои неговата поранешна снаа ја објаснува својата улога во наводно земање „рекет“.

Шемата, позната како „рачадиња“, вклучува ангажирање блиски соработници како вработени, а потоа враќање на парите од нивните плати.

Државните обвинители во Рио де Жeанеиро формално покренаа обвинение против федералниот сенатор Флавио Болсонар, најстариот син на бразилскиот претседател, за наводна вмешаност во слично рекетирање додека тој бил пратеник.

Приказната, претставена од УОЛ, се базира на аудио-снимки на поранешната снаа на Болсонаро, Андреа Сиквеира Ваље, обезбедени од неименуван извор.

Ова е првпат претседателот на Бразил да биде директно вклучен во шемата „рачадиња“, и покрај бројните незгодни прашања во врска со неговата улога во наводниот рекет што го земал неговиот син Флавио во Рио.

Слични содржини