Бразилскиот претседател го постави и четвртиот министер за здравство од почетокот на Ковид пандемијата

334 прегледи

Нема крај на хаосот околу пандемијата на коронавирусите во Бразил!
Претседателот Жаир Болсонаро го назначи и четвртиот министер за здравство откако Ковид-19 се појави во најголемата земја во Јужна Америка. Кардиологот Марсело Квирога ќе го замени генералот Едуардо Пазуел, воен офицер кој нема медицинско образование, објави Би-Би-Си.

Третиот бран

Отпуштањето на министерот дојде како резултат на третиот бран на пандемијата и во моментот кога бројот на жртви на коронавирус во Бразил се приближува до бројката од 280.000. Според последните податоци, досега во оваа земја починале 279.602 лица, а веќе се очекува бројката од 280.000 да биде надмината денес. После Соединетите држави, Бразил има најмногу лица заразени со корона во светот, дури 11.525.477 лица.

– Одлучив да го назначам д-р Марсел Квирога за нов министер за здравство попладнево. Преодниот рок ќе се случи за две недели, рече Болсонаро во јавното обраќање од претседателската палата.

Го критикуваше претседателот

Генералот Едуардо Пазуело беше назначен за министер за здравство во мај минатата година, откако неговите двајца претходници беа отстранети затоа што ги критикуваа одлуките на претседателот во борбата против хронавирусот. Здравствениот систем во Бразил е пред колапс. Капацитетите за интензивна нега се пополнети во главните градови на 15 сојузни држави, а последните денови бројот на мртви надминува 2.000 за 24 часа.

Слични содржини