Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изнесе предлог пред јужноамериканските лидери во Бразилија за создавање на нова валута која би конкурирала со американскиот долар.
На отворањето на состанокот пред своите јужноамерикански колеги, Лула изјави: “Денеска ги превземаме нашите први чекори за да продолжиме со дијалогот помеѓу нас”. Сите јужноамерикански лидери присуствуваа, освен претседателот на Перу.
Бразилскиот претседател побара засилување на економската, културната и социјалната интеграција на земјите во Јужна Америка. Исто така, тој предложи создавање на регионален енергетски пазар и координирана акција за борба против климатските промени.
Лула изрази и загриженост поради прекинот на интеграцијата меѓу земјите во Јужна Америка во последните години поради конзервативните влади и идеолошките различности кои ги подриваат претходните обиди за соработка.
Денешниот форум во Бразил беше првиот самит на јужноамериканските лидери по повеќе од 10 години.