Бразилскиот сенат го изгласа денеска со 53 гласови „за“ и 16 „против“ 20-годишното замрзнување на јавната потрошувачка, кое претставува основа на планот на претседатеот Мишел Темер за обновување на фискалната дисциплина и воведување контрола врз растечкиот буџетски дефицит.
Мерките за штедење предизвикаа жестоки протести, а полицијата беше распоредена во главниот град Бразилија, со цел да ги заштити државните згради од демонстрантите во текот на гласањето во Сенатот.
Ограничувањата на јавната потрошувачка би требало да претставува уставен амандман озаконет утре, а по десет години се предвидува негова претседателска ревизија.
Штедењето во федералната каса претставува главен столб на предложените реформски мерки на претседателот на редовите на десниот центар, Темер за враќање на финансии на Бразил под контрола и привлекување на инвеститори, кои побегнаа поради актуелната рецесија.
Резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата Датафолх, покажаа дека 60 отсто од Бразилците се против ограничувањето на потрошувачката, додека таа мерка ја поддржуваат 24 отсто од испитаниците.