Актуелно
Почетна / (не)Секојдневно / Бразилскиот суд го забрани филмот за хомосексуалецот Исус

Бразилскиот суд го забрани филмот за хомосексуалецот Исус

Судот во Бразил наложил филмот кој го прикажува Исус како хомосексуалец да биде исфрлен од понудата на стриминг сервисот Нетфликс.

Филмот „First temptation of Christ“ предизвика остри реакции кај верниците во Бразил. Два милиони луѓе потпишале петиција за тргање на филмот, а седиштето на продуценската куќа било нападнато со молотови коктели.

„Слободата на изразување не е апсолутна“, навел, меѓу останатото, судот во одлуката.

Пародијата за Исус, емитувана како божикен специјал, била направена од бразилската група комичари „Porta dos Fundos“.

Многу христијани во Бразил биле навредени со претставувањето на Исус како геј, кој во еден момент го донесува дечкото дома за да го запознае со своето семејство.

Иако наредил тргање на филмот, судијата рекол дека одлуката е привремена додека целата ситуација не се разјасни пред повисокиот суд.

loading...