Бразилскиот вид на корона може да биде ИМУН НА ВАКЦИНИТЕ

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Бразилската варијанта на коронавирусот од Амазонија, „П.1“, може да биде имуна на вакцините, велат научниците.

Во студијата за појавата на мутации и ширењето на короната во градот Манаус во Амазонија, експертите велат дека варијантата „П.1“ има „уникатна комбинација на мутации“ и дека таа брзо станала доминантна во таа област .

– Од сто луѓе во Манаус кои прележале ковид 19, постои сомневање дека помеѓу 25 и 61 биле повторно инфицирани со „П.1“ – истакнува Нуно Фарија, вирусолог од Империјал колеџ во Лондон и коавтор на студијата .

Научниците проценуваат дека „П.1“ е 1,4 до 2,2 пати позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот.

Зборувајќи пред новинарите за резултатите од истражувањето, Нуно рече дека е рано да се каже дали вакцините против оваа варијанта на корона се помалку ефикасни, пренесуваат научните портали.

– Нема конечни докази што би укажале на тоа дека сегашните вакцини нема да бидат ефикасни против „П.1“ – наведува Фарија.

Тој верува дека вакцините „во најмала рака, ќе штитат од болести и евентуално од повторна инфекција“.

Научниците ширум светот се претпазливи во однос на варијантите на коронавирусот кои полесно се шират и потешко е да се одбраниме од нив со вакцините.

Слични содржини