Бразилските власти: Упадот на десничари во државните институции е терористички чин

од Radmila Tasevska

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и претседателите на Конгресот и Врховниот суд денес го оценија како „терористички чин“ упадот на приврзаниците на екстремната десница во државните институции во Бразил.

Тие во заедничко соопштение истакнаа дека ќе ја бранат демократијата.

„Власта, гарант на демократијата и Уставот од 1988 година, ги отфрла актите на тероризам, вандализам, криминалци и пучисти, што се случија вчера во Бразилија“, се вели во заедничкото соопштение.

Поддржувачите на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд во неделата.

Демонстрантите протестираа против враќањето на власт на левичарскиот претседател, кој го победи Болсонаро во вториот круг од 30 октомври.

Болсонаро ја напушти земјата два дена пред крајот на неговиот мандат, бојкотирајќи ја инаугурацијата. Се наоѓа во американската држава Флорида.

Лула беше претседател на Бразил во два мандата.

Слични содржини