Украинскиот фудбалски клуб Шахтјор Доњецк потврди дека сите негови бразилски играчи сигурно ја напуштиле Украина по воената интервенција на Русија.
За Шахтјор играат 12 Бразилци, кои неодамна испратија трогателна порака во која бараа помош.
По агонијата која траеше неколку дена, Шахтјор потврди дека сите Бразилци од клубот безбедно ја напуштиле земјата и заминале за Романија.
„Евакуацијата на играчите беше овозможена благодарение на личната асистенција на претседателот на УЕФА Александар Чеферин, претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз Андриј Павелко и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Молдавија Леонид Олејниченко“, соопштија од клубот.
Шахтјор додаде дека земјата ја напуштиле и странските играчи од киевски Динамо.
Шахтјор претходните години имаше проблеми поради лошите односи меѓу двете земји, па затоа одигра многу натпревари надвор од Доњецк.