Бред Пит одиграл толку акциони улоги што во очите на милиони тој е женкар од прва класа. Излегува сепак, дека зад ѕидовите на домот 53-годишниот секс симбол не престанува да плаче.
Причината е дека тој веќе има ограничен пристап до своите деца покрај разводот со Анџелина Џоли и жестоката правна битка која ја водат за старателството над Медокс (15), Пакс (12), Захара (11), Шајло (10) и 8- годишните близнаци Вивиен и Нокс.
“Бред веќе толку пати избувнува во солзи, и веќе не се срами од фактот дека плаче. Децата очајно му недостигаа овој Божиќ и на новогодишната ноќ. Бред е еден скршен маж “, откри извор за Mail on Sunday.
Разделбата на Пит и Џоли стана факт во септември, кога таа поднесе барање за развод поради шпекулиран скандал меѓу актерот и неговиот син Медокс, во кој се тврдеше дека тој го удрил.
Излезе дека тоа се изопачени зборови и тој беше “прогласен за невин”, но Анџелина продолжува жестоко да се бори децата да бидат одделени од татко си. Бред неодамна поднесе барање во судот да му се зголеми времето со нив, но му беше одбиено.
Битката за децата сè уште е во полн замав. Во моментов тие живеат со Анџелина.