Бред Пит го покажа својот добар изглед во изданието јули / на магазинот „GQ Australia“. Тој откри
детали за неговиот личен живот и кариера, пренесе „Варајети“.
Бред Пит покажа дека изгледа подобро од било кога на 55-годишна возраст, позирајќи за
насловната страница на последниот број на весникот „GQ Australia“ и сподели некои интересни
мисли за разликата помеѓу помладиот и повозрасниот маж.
Интервјуто за списанието е исто толку привлечно како и сликите кон него, а еден од
најизненадувачки делови е оној во која Бред зборува за тоа како напредувал во својата актерска и
продуцентска професија.
„Повеќе сакам да бидам зад камерата како продуцент. Тоа многу ми се допаѓа. Се помалку
работам. Навистина верувам дека тоа е за помладите. Не дека нема значајни улоги за повозрасни
луѓе. Едноставно чувствувам дека самата игра е таква. Се се случува природно, како природна
селекција“, вели Пит.
Бред е познат како актер, но исто така е сопственик на компанијата „Plan B Entertainment“ и ги
помина последните неколку години зад камерата како продуцент и режисер.
Неговата куќа продуцирала филмови како „Moonlight“, „The Lost City of Z“, „Voyage of Time“, „War
Machine“, „Okja“, „Beautiful Boy“, If Beale Street Could Talk“, „Vice“ итн.