Бред Пит се врати да живее во семејниот дом во Лос Фелиз, кој до неодамна го делеше со отуѓената сопруга Анџелина Џоли и нивните шест деца.
Во моментов Анџелина живее со наследниците во Хиден Хилс, Калифорнија и Бред одлучил да се врати во домот, од кој Џоли го беше избркала во септември минатата година, откако поднесе барање за развод.
Според најновите гласини 53-годишниот актер решил да ја реновира целосно зградата, за таа да биде што е можно попривлечна за неговите деца.
Во моментов Пит води битка во судот со Џоли за заедничко старателство на Медокс (15), Пакс (13), Захара (12), Шајло (10) и осум-годишните близнаци Нокс и Вивиен.
Бред сакал да се инсталираат во дворот на куќата два гигантски тобогани, да изгради игралиште, како и скејтпарк со рампа за своите синови.
Извор близок до ѕвездата, вели пред списанието Grazia: “Бред сака да му докаже на судот дека на прво место во животот му е благосостојбата на неговите деца. Тој ќе направи сè што е можно за да се обиде да се избори за тоа заедничко старателство. ”

Тоа е зградата во Лос Фелиз; Фото: splashnews.com