244
Бред Пит е повторно за заљубен, а веќе некое време е во врска со моделот Никол Потуралски, која е 29 години помлада. Како што оди, започнаа приказни за потенцијална венчавка, но како што стојат работите, нема да има ништо од тоа.
Имено, самиот Бред Пит, наводно, не е заинтересиран да се ожени повторно.
„Прашањето е дали Бред некогаш ќе се ожени повторно“, изјави извор близок до актерот.
Како што е познато, Пит беше во брак двапати, со неговите колешки Џенифер Анистон и Анџелина Џоли.
Да потсетиме, Никол и Бред беа видени заедно пред неколку недели кога пристигнаа со приватен авион на југот на Франција, каде Пит го произведува својот шампањ.