366
Бред Пит, кој порано беше ангажиран за промоција на парфемот Chanel No. 5, ќе соработува со модната индустрија. Освен претставувањето на машките одела и смокинзи на италијанскиот бренд Бриони, кој е доста ценет во светот на машката мода и чии одела се наоѓаат во категоријата најскапи, Пит ќе се проба и во дизајнерството.
Од компанијата Бриони во соопштението соопштиле дека Бред Пит ќе се потпише на линијата ексклузивни производи, во кои ќе бидат вклучени ограничена серија одела и смокинзи кои ќе се изработуваат според купувачот, наведува Page Six.
Во текот на годините, многу познати личности биле заштитни лица на брендот Бриони, како Пирс Броснан, Ентони Хопкинс и Самуел Л Џексон.