Бредли Купер и Ирина Шејк, наводно веќе разговараат на темата “брак”. Холивудскиот актер и рускиот супермодел имаат врска од година и половина, но тие избегаваат да откриваат детали околу нивната љубов во медиумите.

Нивни пријатели сепак за “E! News”, изјавуваат: “Тие се исклучително среќни заедно и веќе разговараа темата” брак и деца. ”
Според изворот двојката планира романтично патување до некоја тропска дестинација за време на претстојните новогодишни и божиќни празници и таму Бредли и Ирина, да ги запознаат своите семејства.

“Ирина и Бредли разговараат многу сериозно за заедничка иднина во последно време. Тие успеваат да ги комбинираат успешните кариери и врската доста ефикасно” додаваат пријателите.
Пред љубовта со 41-годишниот Купер, 30-годишната Шејк имаше 5-годишна врска со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо.