Брегзит без договор не е закана на спогодбата за Северна Ирска, одлучи судот во Белфаст

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Високиот суд во Белфаст денеска ја отфрли тужбата на активистите за човекови права на Северна Ирска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор несомнено ќе го поткопа мировниот договор со кој стави крај на 30 години насилство во Северна Ирска.

„Апелацискиот суд денеска ја отфрли тужбата на тројца тужители против одлуката на британската Влада да преговара за Брегзит“, се вели во одлуката.

Активистите веруваат дека преговорите нема да го заштитат функционирањето на Договорот од Белфаст и дека тие не се во согласност со законот за Северна Ирска од 1998 година.