„Брегзит“ е почеток на крајот на ЕУ, смета Ле Пен

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен го нарече излегување на Велика Британија од ЕУ „почеток на крајот на Унијата во сегашниот нејзин изглед“ и „Почеток на формирање на независни европски земји“.

„Денот на „Брегзит“ мора да го означи почетокот на новата Европска унија на независни држави. Нешто што го баравме долго време. Сегашната Европска унија ќе остане запишана во историјата како огромен неуспех!“ напиша Ле Пен на својот профил на Твитер.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека размислува за посета на Велика Британија за зајакнување на билатералните врски со Лондон по „Брегзит“. Макрон истакна дека односите меѓу Франција и Велика Британија ќе продолжат да бидат блиски.

Велика Британија ја напушти Европската унија во петокот вечерта. Сега претстои едногодишен преоден рок за Велика Британија, за време на кој Лондон ќе мора да се договори со другите земји да соработуваат во голем број области.