Брејди размислува за враќање, во игра се три тима

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Според многумина, најдобриот НФЛ играч на сите времиња, Том Брејди, не ја исклучил можноста да се врати на терените од пензија, а откри и од кои екипи би прифатил покана.

Феноменалниот бек се повлече од играњето за Тампа Беј на крајот од минатата сезона, но откри дека размислува за кам-бек. Сепак, само неговата желба не е доволна за такво нешто, сопствениците на останатите тимови мора да дадат согласност, бидејќи тој е во фаза на влегување во сопственичката структура на Лас Вегас Рајдерс.

– Не сум категорично против таа идеја. Не знам дали би ме пуштиле да одам бидејќи станувам сопственик на НФЛ тим, но не би го исклучил тоа. Останувам во форма, секогаш ќе можам да ја фрлам топката, па ова би можело да биде камбек како Мајкл Џордан. Немам ништо против тоа – изјави Брејди.

Тој откри и дека ќе прифати покани од три тима. Тоа е тимот во кој го мина најголемиот дел од кариерата, Њу Ингланд Патриотс и со кој освои шест шампионски прстени. Потоа тимот што го поддржувал како дете, Сан Франциско Фуртиенерс, а третиот?

– Лас Вегас Рајдерс.

Петриотс сега ќе одат по квотербек на драфтот, Фортнајнерс го имаат Брок Парди. Но, Рајдерс моментално го имаат само О’Конел и се шпекулира дека би можеле да одат во вториот круг на драфтот за Мајкл Пеникс. Така некако Рајдерс изгледа како најлогична опција и не би се ни сметало за невозможна мисија Брејди да одигра барем една сезона за тимот чиј сопственик наскоро би можел да стане.

Слични содржини