Американка од Калифорнија продолжила да танцува на шипка, иако веќе се наоѓала во осмиот месец од бременоста. Видео снимка со нејзин тренинг објави Daily Mail.
Видеото било снимено во ноември, но дури сега се појавува во медиумите.
Се покажало дека чудната навика на Зуси Хусла не ѝ попречила да роди здраво девојче во 38-та недела од бременоста.
По зборовите на мајката, повеќето луѓе реагирале позитивно на нејзините навики со танцување, иако се појавиле и луѓе кои сметаат дека слични тренинзи ќе му наштетат на бебето.

Фото: Caters News Agency, Daily Mail