Бремена жена се онесвестила за време на земјотресот, а потоа родила девојче во Сирија

од Radmila Tasevska
189 прегледи

Среќа во голема несреќа – вака би можело да се опише ситуацијата во која се нашла бремена Сиријка при новите моќни земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија. Имено, оваа жена успеала да се онесвести и да се породи, додека земјата околу неа постојано се тресела.

Само две недели откако Турција и Сирија беа погодени од страшен земјотрес, во понеделникот вечерта ги погодија уште два последователни потреси. Видеата кои беа објавени на мрежите преплашија многумина.

Во турската провинција Хатај, луѓето бегаа без глава поради уривање на згради. Но, таа ноќ била особено тешка за бремена Сиријка која се онесвестила за време на земјотресот, по што се породила и родила девојче.

Кога спасувачите случајно наишле на руинирана населба во Дефне, виделе трудница која била во несвест. Набрзина успеале да ја пренесат во полска болница каде набрзо се породила.

Девојчето сè уште е во инкубатор, а нејзината мајка е добро.

Силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија Турција на 6 февруари, а беа почувствувани и во Сирија. Повеќе од 45.000 луѓе загинаа.

Слични содржини